-->
-->
Не се знае која ќе биде првата дама на Албанија
-->
Новоизбраниот албански претседател Илир Мета, на 24 јули треба да даде заклетва во Парламентот, но она што е се уште непознато е која ќе биде првата дама.
Сопругата на Мета, Моника Круемади, е актуелен лидер на партијата Движење за социјалстичка интеграција, поради што местото прва дама останува празно.
Сите погледи сега се вперени кон нивната ќерка Бора Мета (19).
Медиумите наведуваат дека Мета се консултирал со експерти дали ваква можност е во согласност со албанската легислатива.
Претходно, ваков преседан беше забележан кога шеф на албанската држава беше Алфред Мојсиу, кого на офцијалните посети го придружуваше неговата ќерка Рубена, но сопругата на Мојсиу беше почината.
-->
-->
-->