Не се кријат податоци за состојбата со коронавирусот, тврди Спасовски
Нема ниту еден податок кој е скриен и не е презентиран во јавноста, наша определба е да работиме транспарентно, колку и да таа вистина не е добра, треба да ја знаат граѓаните, истакна премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата прашан дали се кријат некои податоци во однос на коронавирусот.
– Замислете каква глупост е да излезете да кажете или да скриете дека имате заразени од коронавирус, а вие тоа не го пријавувате на јавноста или на институциите. Тогаш за каква одговорност зборуваме, за кое здравје и живот на граѓаните зборуваме ако така настапуваме. Како Влада се однесуваме одговорно и многу транспарентно и затоа ви кажуваме дека ако треба и три-четири пати дневно ќе имаме прес-конференции, соопштенија и се што треба да правиме ќе правиме за да бидат граѓаните информирани, рече Спасовски.
Премиерот апелираше до медиумите да соопштуваат информации исклучиво од институциите.
-Апелирам до медиумите да слушаат тоа што ќе го соопштат институциите. Тоа што го имаме како сознание е основа врз кое ќе ги носиме идните одлуки. Се што правиме како Влада се базираме исклучиво на експертите за оваа состојба и мерките ќе ги ноиме врз основа на тоа. Овде нема место за политика или политиканство, порача Спасовски.
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана