Џет-Сет
28. January 2016 - 13:20

„Не планирав, но сега сум возбудена“ - Плус-сајз ѕвезда има одлична вест!

Тес Холидеј е бремена по втор пат. Плус-сајз ѕвездата и нејзиниот вереник Ник Холидеј наскоро ќе го добијат првото заедничко дете, потврдиле идните родители за магазинот „People“.
 
Бебето ќе пристигне во јуни.
 
- Ние не го планиравме ова, и бев малку нервозна кога дознав, но сепак сега сме навистина возбудени, - рекла Тес Холидеј (30).
 
Плус-сајз моделот од претходната врска го има синот Рајли (10).
 
Таа изјавила дека за време на првата бременост немало кој да и помогне и ние можела да ужива колку што и било потребно. Во втората бременост ќе надокнади.