Не пијте кафе на празен желудник - Еве зошто!
Кафето на празен желудник не би смееле да го пиете никогаш, ниту наутро, ниту во текот на денот кога ќе почувствувате глад, па ручекот го заменувате со шолја кафе за да се заситите привремено и да си ја вратите енергијата.
Експертите објаснуваат дека во телото кога кафето се пие на празен желудник се зголемува количината на желудочна киселина која предизвикува проблеми во стомакот што можете да ги чувствувате цел ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да предизвика проблеми во абдоменот, како чир на желудникот или синдром на иритирачки црева. Поевтиното кафе, односно она со лош квалитет, вообичаено има поголема киселост, што може дополнително да ја зголеми штетноста.
Пиењето на голема количина на кафе, исто така може да го зголеми чувството на тешкотии и стрес, а кога кафето го пиете на празен желудник, тој проблем дополнително се влошува.
Од друга страна, храната може да делува вознемирувачки на организмот. За да го намалите негативниот ефект од кафето на нервниот систем, секогаш со кафето јадете нешто. Главната причина поради која кафето го зголемува чувството на стрес е хормонската нерамнотежа за која е виновен кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да влијае на создавањето на серотонинот, неуротрансмитер кој е одговорен за чувството на среќа и благосостојба.
Истражувањата покажуваат дека кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен желудник, се враќа доброто расположение.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати