Не онлајн, Заев заминува во Софија на средба со Борисов

Наместо онлајн средба, премиерот Зоран Заев реши да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов како последен обид да се постигне договор за македонските евроинтеграции.
Заев ни ја потврди средбата преку смс порака:
„Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим. Јас ќе бидам во Софија со неколку наши министри“, ни пиша премиерот.
Заев заминува за Софија за да го убеди источниот сосед да не го искористи правото на вето на Советот на Европската унија на 17 ноември, а на кој ќе се одлучува за преговарачката рамка за државата.
Средбата во Софија доаѓа откако министрите за надворшени работи Захариева и Османи и денеска не успеаја да се усогласат за билатералните прашања на онлајн регионалната инцијатива Берлински процес. И Захариева и Османи од разговорите излегоа како умерени оптимисти. Состанокот Заев – Борисов доаѓа и на ден по објавата на нонпејперот кој била договорен на берлинските средби Захариева-Димитров-Османи, од кој подоцна се откажал Борисов.
Премиерот Заев не сакаше да го коментира овој документ.
„Не ги коментираме ваквите детали затоа што се уште се разговара и не би сакале да ги нарушиме разговорите“, одговори Заев за Сител.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
