-->
-->
НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ: 8 симптоми на рак на бели дробови што може да се јават и кај непушачи
-->
Доколку ги почувствувате овие симптоми, никако немојте да ги занемарувате!
Иако пушењето се смета за главен виновник во 85% од случаите на рак на бели дробови, оваа опасна болест ги погодува и непушачите.
Повеќето пасивни пушачи всушност не се ни свесни за ризикот и кога ќе се појават првите симптоми, не им ни паѓа на памет да одат на лекар.
Британските лекари во медицинското списание Royal Society of Medicine предупредуваат дека препознавањето на првите симптоми е пресудно за да се открие опасната болест на време.
Дури и кога кашлицата е посилна и поинтензивна од вообичаено, многумина мислат дека тоа е последица на настинка или воспаление, па не одат на детални прегледи.
Симптоми:
- Кашлицата не престанува ни по две до три недели
- Кашлицата се влошува
- Инфекции на градниот кош
- Искашлување крв
- Болка за време на дишењето и кашлањето
- Честа задишаност, дури и без голем напор
- Постојан умор и недостиг на енергија
- Губење апетит и ненадејно губење тежина
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата