Не е загрозена работата на ниту една болница во државата
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот.
Како што информира тој на денешната прес-конференција, во болницата „8 Септември“ има 50 пациенти, 35 потврдени, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети.
– Не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа. На Инфективната клиника во моментов е хоспитализиран 81 пациент од вкупно 110 кревети, и плус 70 кревети во дополнителната монтажна болница, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.
Според Филипче, овој систем на ротација добро функционира.
– Еве сега се подготвуваат и лекарите интернисти, така што ниту еден сегмент не е загрозен. Нема повеќе места во Клиничката болница во Битола и затоа денеска од тој регион ќе бидат хоспитализирани пациентите во болницата во Охрид за што има и план и слободни кревети и доволен број на респираторни машини. Така што, ниту една јавна здравствена установа во овој момент не е во ризик, рече министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија