Не е штетно, туку многу корисно: Чоколадото ги подобрува менталните процеси
Италијански истражувачи испитувале различни ефекти на акутна и хронична примена на флаванолот од какаото на различни когнитивни домени и откриле дека различни процеси биле подобрени со дневно внесување на флаванол од какао.
Какаото е богато со флаванол, кој спаѓа во природни соединенија кои ги штитат невроните. Така кај испитаниците било забележано подобрување на работната меморија и подобрена обработка на визуелни информации, откако конзумирале флаванол од какао.
- Резултатите покажаа потенцијал на флаванолот на какаото за подобрување и заштита на спознајните процеси кај лица кои имаат проблеми со тоа. Тој исто така го намалува ризикот од појава на некои кардиоваскуларни болести, ијзваи Валентина Сочи од Универзитетот „Л’Аквиља“ во Италија.
Редовниот внес на какао и чоколада може да донесе позитивни ефекти на когнитивните функции со текот на времето. Меѓутоа, постојат и нуспојави поврзани со високата калорична вредност на чоколадото, потоа кофеинот и теоброминот, како и од многу други адитиви како што се шеќерот и млекото.
Поради тоа, научниците препорачуваат да се конзумира темно чоколадо, кое е по здраво и побогато со флаванол.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен