-->
-->
Не е сеедно каде ве боли стомак - На едно од овие места се крие опасна болест!
-->

Стомакот е големо подрачје, а секоја болка може да биде предизвикана од повеќе причини – од бенигни до опасни. За подобар увид во можните последици, идентификувајте го точното место на вашата болка.
Болката во стомакот е една од најчестите тегоби кои повремено ги погодува 90% од луѓето. Понекогаш нè плаши заради интензитетот, но самата јачина на болката не значи дека нејзината причина е сериозна и обратно – благите, но долготрајни болки може да значат хронична болест која треба да се лекува.
Ако забележите болка во стомакот, во кој било дел, која трае подолго од 2 недели, појдете на лекар за да исклучите некоја посериозна дијагноза. Причина за итна посета на лекар е и долготрајната надуеност, долготрајно повраќање, пролив и крв во столицата.
Болка во стомакот е секој вид болка која се чувствува во делот помеѓу градите и препоните. Со оглед на тоа дека стомакот зафаќа голем дел од телото, потребно е точно да се лоцира местото каде што боли за да може полесно да се открие причината. Пронајдете ја вашата болна точка на мапата и идентификувајте го нејзиното значење.
1.Жолчни камења, чир на желудникот, воспаление на панкреасот
2.Чир на желудникот, киселини во стомакот, лошо варење, воспаление на панкреасот, жолчни камења, епигастрична хернија (кила над папокот)
3.Чир на желудникот, чир на дванаесетпалечното црево, опструкција на жолчните патишта, воспаление на панкреасот
4.Камења во бубрезите, воспаление на мочните канали, запек, лумбална хернија – поместен диск во ‘рбетот
5.Воспаление на панкреасот, рана фаза на воспаление на слепото црево, чир на желудникот, воспаление на дебелото црево, воспаление на тенкото црево, кронова болест, умбиликална хернија (папочна кила)
6.Камења во бубрезите, дивертикуларната болест, запек, воспаление на дебелото црево
7.Воспаление на слепото црево, запек, карлична болка – гинеколошки проблеми (ендометриоза и др.), болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
8.Воспаление на мочните канали, воспаление на слепото црево, воспаление на дебелото црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест
9.Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
