Не е проблем сите процедури за техничката влада да завршат на 3 јануари, тврди Џафери
Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека нема никакви препреки сите процедури околу изборот на новата техничка влада да завршат на 3 јануари, од оставката на премиерот Зоран Заев, назначување на мандатар од претседателот Стево Пендаровски, до изборот на техничката влада во Парламентот.
Џафери вечерва во интервју за Вин-Вин на ТВ Телма истакна дека тој отсекогаш се залагал за координација и непречена комуникација меѓу носителите на власта со цел непречено да се одвиваат процесите во државата.
Тој истакна дека утре по седниците на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ ќе се знае името на техничкиот премиер, а исто така и кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.
-Утре сите ќе осознаеме дека носител на функцијата премиер по состанокот на СДСМ ќе биде назначеното лице, потоа и од ВМРО-ДПМНЕ по соодветниот состанок ќе ги осознаеме имињата на кандидатите за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, рече Џафери.
В сабота се предвидени средби Заев-Мицкоски и Мицкоски-Ахмети, а Џафери смета дека од процедурален аспект за Собранието не е никаков проблем да ја изгласа техничката влада на 3 јануари.
Ново на Сител
-
Кривична за поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ Кавадарци, предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482 денари
-
Приведени двајца крадци од гостиварско
-
Зеленски изрази незадоволство од светските лидери
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит