Балкан
6. September 2016 - 14:28

Не е педофил, ама заврши во затвор: Пијан бакнал девојче на улица

Д.Ф. од Сремичица кој во август му пријде на едно девојче од 9 години и го бакна, ќе лежи 6 месеци во затвор.

Тој според пишувањето на Новости, во основното обвинителство во Белград потпишал спогодба за признавање на вина. Во текот на истрагата е вештачен и утврдено е дека не е педофил и дека нема сексуални склоности кон деца и такво однесување.

Тој ден тој бил толку пијан што не знаел што прави, речиси и не се сеќава дека му се доближил на девојчето го фатил за рака и го бакнал.