Не дозволувајте никој да го бакнува вашето бебе - Плач на очајната мајка чие бебе почина по 18 дена

Никол Сифрит, мајка од Ајова, чие бебе починало откако се заразило, ги предупредува другите родители за сериозниот вирус кој го убил нејзиното девојче.
Недела дена откако Никол ја родила Маријана, таа и нејзиниот маж Шејн забележале дека бебето престанува да јаде и не реагирало кога ќе се обиделе да ја разбудат.
„За два часа престана да дише и сите нејзини органи почнаа да се гаснат, рече нејзинито сопруг Шејн.
Докторите на малечката Маријана и дијагностицирале вирусен менингитис предизвикан од вирусот херпес, кој се пренесува со близок контакт, односно со бакнеж.
Никол и Шејн се тестирале но резултатите биле негативни на вирусот што значи дека бебето се заразило од некој друг.
И покрај повеќекратната трасфузија на крв, бубрезите на Маријана престанале да работата, откажал црниот дрог и дошло до внатрешно крварење. Маријана починала кога имала само 18 дена.
Семејството се надева дека овој несреќен случај ќе им помогне на другите луѓе да увидат колку херпесот може да биде опасен за новороденчиња.
„Нашата принцеза Маријана стана мал ангел околу 08:41 часот утрово, кога почина на рацете на тато. Нејзината мајка цело време беше покрај неа. Таа повеќе нема да страда и сега се наоѓа кај Господ. Ви благодарам на сите што бевте покрај неа на ова патување и кои не поддржавте цело време. Нејзиниот краток живот имаше големо влијание и се надеваме дека нејзината приказна ќе помогне да се спаси животот на другите новороденчиња. Почивај во мир, сладок ангелу“, стои во објавата.
Никол ги предупредува другите родители на опасноста од вирусот.
-Не му дозволувајте на никого да го бакнува вашето бебе - рече таа.
Ново на Сител
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
