-->
-->
Не чувствуваат болка: Брат и сестра поради ретка болест си ги изеле прстите
-->
На брат и сестра од Индија им е дијагностицирана ретка состојба со која воопшто не чувствуваат болка. Децата сами си ги одгризале прстите на рацте, а не осетиле апсолутно ништо.
Маниша (7) и Динкал (5) Пател од Раипура на истокот од Индија боледуваат од неосетливост на болка. Осетливи се на инфекција. Поради болеста им се завиткани рацете и нозете и носат дебела облека за да се заштитат од повреди.
Позната е и како конгетална аналгезија, болеста е генетска и настанува со мутација на генот SCN9A. Случајот на Маниша и Динкал е толку озбилен што децата не чувствуваат никакви сензации ниту пак повреди на екстремитетите.

Нивнипот татко Гопал Прасад Пател (32) вели дека, кога се вратил од работа, ги пронашол децата во крв.
- Не можам да поверувам дека си ги изеле сопствените прсти. Тоа го направиле додека си играле. Сопругата и јас бевме на нивата, а ги чуваше мојата мајка. Отишла да им даде за јадење и се шокирала. Глетката била страшна, раскажува тој.
Ги однеле во болница, но не можат да го финансираат лекувањето. Мајката Анита (28) вели дека никогаш додека биле мали не плачеле кога ќе паднеле.
- Мислевме дека имаат голема толеранција на болка, но овој инцидент ни ја расветли ситуацијата. Се надеваме дека ќе добиеме помош од државата, изјавила таа.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен