Не чекаше долго: Аца Лукас се жени, еве со кого
Многу нешта се случија откако пукна тиквата помеѓу Аца Лукас и неговата сопруга Соња Вуксановиќ, поради нејзиното наводно неверство со кошаркарот Марко Јариќ.
Лукас во свој стил се распука на социјалните мрежи, за рекордно краток период си фати женска, а во новиот број на Story изјавува дека ќе се жени. Лут зошто сопругата ја искористи аферата за да си билда публицитет, пејачот на својот FB профил неодамна и порача дека нема да ја игра нејзината игра.
-Јас на мајката на своето дете ќе и оставам да се занимава со она што најмногу го сака и од мене никој нема да слушне ништо лошо за тебе, затоа што сепак си мајка на моето дете. Ти ги оставам медиумите, дружи се со нив, мести афери на таткото на твоето дете заедно со твоите машки пријателки, напиша тој.
За време на целата мешаница, Марко Јариќ остана далеку од очите на јавноста. Дали тој и Соња навистина се заедно? Изгледа дека не, со оглед на тоа дека во приказната се вмеша уште еден лик, поранешната сопруга на Марко, Адријана Лима.
Бразилскиот супер модел пристигна во Црна Гора, каде што во моментот се наоѓа и Јариќ. Иако се уште не се знае дали повторно се заедно или не, едно е јасно Соња остана со празни раце.

Ново на Сител
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
-

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена
-

Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
-

Две лица активирале противпожарни апарати во казино при што гостите почнале да се гушат
-

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп, Швеѓанка при слетување скршила нога
-

Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
