Не чека февруари каков што сме немале од 1988 година

Февруари оваа година има 29 денови, а почнува и завршува во понеделнил. Тоа значи дека во оваа престапна година ќе има дури 5 понеделници. Послен пат ваков календар, со исти денови и датуми имаше во 1988 година, а следниот е дури за 28 години, во 2044.
Волку понеделници во февруари, за суеверните и за оние кои се плашат од „баксузните“ престапни години, можеби има некаква симболика. За астронимите и астрофизичарите, меѓутоа тоа е работа на календарот и чиста математика.
Во исти ден паѓаат први, осми, 15, 22, и 29. ден во месецот. Тоа е едноставна математичка правилност, бидејќи неделата има седум дена. Оваа година е престапна, па февруари има 29 дена, и бидејќи први е во понеделник, неминовно е тој ден да биде и 29.
Прелистувајќи ги старите календари од изминатите 100 години, престапни години и февруари со пет понеделници имало во 1916, 1932, 1960 и 1988 година. Во наредните сто години, истиот календар ќе го има во 2044, 2072 и 2112 година. На прв поглед се чини дека овој календар се повторува на 28 години, но исто така меѓу некои може да поминат и „само“ 11 или најмногу 40 години.
Календарската статистика вели дека 29 февруари, во интервал од 400 години најчесто паѓа во понеделник или во среда дури по 15 пати. Во петок или сабота 14 пати, а во недела, вторник или четврток 13 пати.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
