-->
-->
Не бил крив а лежел 17 годиниво затвор бидејќи личел на вистинскиот кривец
-->

Џонс завршил во затвор после вооружен грабеж во 1999 година, а уапсен е врз основа на сведочење на очевидец.
Мажот во затвор поминал цели 17 години поради злосторство кое не го направил. Пуштен е на слобода тек кога полицијата го пронашла правиот кривец, а тоа е човек кој неверојатно личи на него.
Ричард Ентони Џонс од Канзас Сити, ослободен е во четвртокот, затоа што судијата кажал дека нема доволно докази да го осуди. Џонс во затвор влегол после вооружена кражба.

Во текот на новата расправа за случајов, многумина велат дека нема разлика меѓу Џонс и Рики, правиот крадец, кој неверојатно личи на него и дури имаат и исто име.
Судијата го ослободи Џонс затоа што немало физички докази, ДНК или отисоци од прсти кои би можеле да го поврзат со злосторството.
Тој во времето на инцидентот живеел на другиот крај на Канзас, додека неговиот двојник живеел во областа каде што и се случил инцидентот.
-Не можам да поверувам во својата среќа, мислам дека сум благословен, изјавил Џонс за Канзас Сити Стар
Џонс повеќе пати пробувал да го сврти вниманието на својот случај во текот на минативе години, но без успех.
Пред две години, слушнал за човек кој исто така е во затворот и изгледа баш како него, а дури делат и исто име.
Сфаќајки дека тоа ќе биде клуч за неговото ослободување веднаш го контактирал Мидвест Иносент Проектот, непрофитна организација за правник услуги, да му помогнат околу неговиот случај. Во текот на новото судење, Џонс го повторил алибито, дека во време на злосторството бил со девојката и нејзиното семејство.
Неговиот двојник исто така сведочел, но ги негираше обвинување за злосторството, пренесува Дејли Мејл.
Кога ги виделе еден покрај друг, жртвите на разбојништвото веќе не биле сигурни кој го направил делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот