НБРМ: Поповолни движењата во вториот квартал
Во одделни економски сектори во вториот квартал има поповолни движења во споредба со првиот квартал кога беше забележан минимален раст на годишно ниво од 0,1 процент.
- Расположливите податоци за вториот квартал не се многубројни и воедно се дивергентни, но главно упатуваат на малку поповолна состојба во економијата во споредба со првиот квартал. На годишна основа, априлската проекција предвидува економски раст од 3,2 отсто во 2018 година и 3,5 проценти во 2019 година. Покрај раст на извозот и личната потрошувачка, една од клучните претпоставки вградени во проекцијата е заживување на инвестициските активности, вклучително и ревитализирање на јавните проекти главно поврзани со патната инфраструктура, наведува НБРМ во кварталниот извештај.
Достапните податоци на Народната банка на Република Македонија упатуваат на раст на личната потрошувачка во вториот квартал.
- Раст е забележан кај трговијата на мало, реалните плати и масата на пензии, а солидно расте и кредитирањето на населението, што делумно соодветствува со резултатите од Анкетата за кредитната активност, кои што упатуваат на олеснување на вкупните кредитни услови, но и на нето - намалување на побарувачката на кредити на населението во овој период. Во април зголемување бележат и нето приватните трансфери, стои во кварталниот извештај на НБРМ за август.
Податоците за април и мај 2018 година упатуваат на годишен раст на јавната потрошувачка главно како резултат на повисоките трансфери за здравствена заштита. Поволни движења има и кај движењето на инвестициите.
- Годишен раст од краткорочните показатели за инвестициите се забележува кај домашното производство на капитални добра, како и кај странските директни инвестиции. Истовремено, кредитирањето на претпријатијата за периодот април -мај и натаму бележи раст, при умерено зголемена побарувачка на кредити и нето - олеснување на кредитните услови во овој период, согласно со резултатите од анкетните испитувања на банките, стои во извештајот.
Во него се додава дека податоците за државните капитални инвестиции сѐ уште упатуваат на нивно намалување на годишна основа, но побавно во однос на првиот квартал.
Во април продолжува неколкумесечниот пад на градежната активност, но при позначително забавување на падот. Пад е забележан и кај увозот на производи за инвестиции.
Според НБРМ остварувањата во првиот квартал од годината создаваат надолни ризици за проектираниот раст за цела 2018 година.
Во вториот квартал кредитната активности на банкарскито сектор бележи раст кон кој поголем придонес има кредитирањето на домаќинствата.
На годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал достигна 6,3 проценти и ги надмина очекувањата од априлската проекција за 4,1 отсто.
Раст е забележан и депозитите со што годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни достигна 10,5 проценти, што е исто така над проекцијата од 7,4 отсто.
Забрзувањето на растот кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес на депозитите на домаќинствата.
Во изештајот стои дека се очекува дека позитивните трендови кај депозитната база на банките ќе продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, којшто според априлската проекција, во следните две години би се движел помеѓу 6,5 и 7,7 проценти.
Очекувањата се дека домашната економија и натаму ќе биде поддржана од кредитната активност на банките, во отсуство на
инфлациски притисоци и задржување поволна надворешна позиција, која што ќе овозможи одржување на девизните резерви во сигурната зона.
Ново на Сител
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени