НБА:Кога ќе се разигра Вестбрук

Предводени од извонредниот Расел Вестбрук кошаркарите на Оклахома извојуваа уште една победа во НБА лигата и тоа во дербито со Сан Антонио со 104-94.
Ова беше важен меч за спарси кои се борат за осмата позиција на Западот која носи влез во плеј-офот и сега се само на победа предност пред Кливленд, Денвер и Јута кои ги следат во чекор.
Расел Вестбрук со трипл дабл ја предводеше Оклахома до победатаи мечот го заврши со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции. Тој го забележа 19. трипл дабл во сезоната, а 98. во кариерата. Значаен придонес во триумфот на Оклахома дадоа играчите од клупата кои комбинираа 50 поени.
Покрај Вестбрук уште шестмина играчи на Тандер постигнаа двоцифрен број на поени.
Најефикасни во редовите на Сан Антонио беа Руди Геј и Давис Бертанс со по 14 поени.
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
