-->
-->
НБА:Денвер го победи шампионот
-->

Кошаркарите на Голден Стејт ноќта кон четвртокот го претрпеа третиот пораз во сезоната, додека Клиперси стигнаа до десетта последователна победа.
Вориорси беа изненади на гости од Денвер Нагетс, кој ги совлада со 112:110.
Денвер до победата го предводеа Данило Галинари со 28 поени и пет скока, Вил Бартон со 21 поен и шест скокови, Гери Харис имаше 19 поени и седум скокови, Дарел Артур 18 поени и 11 скокови.
Ниту извонредната партија на Стеф Кари, кој имаше 38 поени, девет асистенции и пет скокови не му помогна на актуелниот шампион да го избегне поразот. Голден Стејт сега има скор 36-3.
Клиперси новата победа, 26-та во сезонава, ја запишаа без еден од своите најдобри играчи Деандре Џордан, а жртва беше Мајами со 104:90.
Кол Олдриџ оствари 19 поени и седум скока, додека Пол Пирс, Крис Пол и Џамал Крафор мечот го завршија со по 15 поени.
Кај Мајами се издвоија Џералд Грин со 19 поени, три повеќе од Двен Вејд, а Крис Бош мечот го заврши со 11 поени и 12 скокови.
Победа забележа Оклахома над Далас со 108:89. Кевин Дурент реализира 29 поени и десет скокови, Серж Ибака додаде 20 поени и 11 скокови, а Дион Вејтерс 18 поени и пет асистенции. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот во втората четвртина.
Резултати:
Шарлот-Атланта 107:84
Вашингтон-Милвоки 106:101
Бруклин-Њујорк 110:104
Бостон-Индијана 103:94
Хјустон-Минесота 107:104
Оклахома-Далас 108:89
Денвер Голден Стејт 112:110
Портланд-Јута 99:85
Сакраменто-Њу Орлеанс 97:109
Лос Анџелес Клипер-Мајами 104:90
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
