НБА: Вечер на Леброн Џејмс

Милвоки Бакс го добија дуелот на двете најдобри екипи во Источната конференција, Леброн Џејмс ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зек Лавин постигна 41 поен за Чикаго во поразот од Оклахома, додека Џејсон Тејтум одигра уште еден брилијантен меч и беше назаслужниот за победата на Бостон Селтикс над Портланд Трејлблејзерс.
Најдобриот тим во лигата, Милвоки Бакс, гостуваа кај актуелните шампини Торонто Репторс. Демонстрираа тимска игра и забележаа победа 108:97.
Крис Мидлтон постигна 22 поени, Јанис Адетокумбо забележа 18 поени и 17 скока, а Ерик Бледсо имаше 15 поени и седум асистенции.
ЛА Лејекрс иако водеа во текот на целиот меч мораа да се помачат против младите играчи на Њу Орлеанс за да забележат победа. „Езерџиите“ славеа со 118:109. Лебдон Џејмс постигна најмногу поени на еден меч од почетокот на сезоната и го предводеше својот тим, кога веќе не ја доби вистинската помош од Ентони Дејвис кој погоди само шест пати од 21 обид од поле.
Џејмс забележа 40 поени, осум скока и шест асистенции, Дејвис забележа 21 поен и 14 скока.
Пеликанс ги предводеше поранешниот играч на Лејкерс Брендон Инграм со 34 поени, додека првиот пик од драфтот Зајон Вилијамсон уфрли 29 поени.
Бостон Селтикс славеа во Портланд со 118:106. Уште еден брилијантен натпревар одигра Џејсон Тејтум. Откако пред три дена против Лејкерс постигна 41 поен, крилниот играч на Бостон на Портланд им уфрли 36 поени. Кај Портланд се истакна Си Џеј Мекалум со 28 поени и 10 асистенции.
Чикаго загубија од Оклахома 122:124. Биковите во еден дел од натпреварот имаа негатива од 20 поени меѓутоа преку Зек Лавин и Коби Вајт се вратија во мечот дури и имаа шут за победа меѓутоа Лавин не успеа да постигне тројка.
Данило Галинари со 24 поени, односно Шеј Гилџус-Александер со 21 поен и 11 скокови ја предводеа Оклахома. Кај Булс се истакнаа Лавин со 41 поен и дебитантот Вајт со 35 поени.
Вајт на последните три натпревари постигнува најмалку 30 поени.
Резултати:
Индијана-Шарлот 119:80
Денвер-Детроит 115:98
Голден стејт-Сакраменто 94:112
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
