-->
-->
НБА: Уште една вечер во знакот на Јокиќ
-->

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со нов трипл-дабл за својот Денвер ноќеска му нанесе нов пораз на тимот на Голден Стејт со 114-104.
Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, 14 скока и 10 асистенции.
На спротивната страна Стеф Кари постигна 35 поени и имаше 11 фатени топки, но недоволно за победа на својот тим.
Јокиќ беше следен од Вил Бартон и Џемал Мареј, кои постигнаа по 17 поени за Нагетси.
Што се однесува до останатите ноќешни мечеви, Индијана како гостин славеше против Портланд 111-87.
До победа дојде и тимот на Филаделфија, кој на свој терен беше подобар од Мајами со 31 поен на Шејк Милтон.
Славеше и Хјустон, без „одметнатиот“ Џејмс Харден, против Сан Антонио, а вечерта ја заокружи Торонто со триумф против
Шарлот во крајно неизвесен меч.
Ноќешни НБА-резултати:
Филаделфија – Мајами 125 – 108
Сан Антонио – Хјустон 105 – 109
Торонто – Шарлот 111- 108
Денвер – Голден Стејт 114 – 104
Портланд – Индијана 87 – 111
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
