НБА: Убедливи победи на Кливленд и Оклахома
Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја дебакл во ЛА, кај тимот на Клиперси со 132-103. Нагетси одиграа очаен меч и доживеаја заслужен пораз од еден од главните ривали на Западот.
Никола Јокиќ немаше поддршка од соиграчите. Србинот мечот го заврши со 21 поен, 9 скока и 2 асистенции.
На другата страна Пол Џорџ имаше 24 поени, а Каваи Ленард постигна 19.
Сакраменто Кингс се врати на победничките патеки по поразот од Оклахома. „Кралевите“ триумфираа кај Мемфис со 104-101.
Кај Кингси се истакна Деарон Фокс со 25 поени, а на спротивната старна најдобар беше Брукс со 32 поени.
Милвоки бакс не запираат со одличните партии. Нов убедлив триумф, овојпат со 133-86 против екипата на Оклахома.
Гркот Адетокумбо со 32 поени ги предводеше „телињата“ кон нова победа, а кај поразената екипа се истакна Пол со 18 поени.
Ноќешни натпревари:
Орландо – Минесота 136-125
Аталанта – Бруклин 141-118
Торонто – Шарлот 96-99
Мемфис – Сакраменто 101-104
Мајами – Далас 126-118
Милвоки – Оклахома 133-86
Њу Орлеанс – Кливленд 116-104
Феникс – Детроит 111-113
Јута – Вашингтон 129-119
ЛА Клиперс – Денвер 132-103
Ново на Сител
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани