-->
-->
НБА скандал: Кошаркарите се дрогираат!!!
-->

Искусниот НБА тренер, Џорџ Карл (65), ги разгоре страстите во лигата откако во јавноста се појавија делови од неговата книга „Furious George: My Forty Years Surviving NBA Divas, Clueless GMs, and Poor Shot Selection“. Стручњакот кој има преку 1.000 победи во НБА лигата, во книгата наведува дека многу од НБА играчите користат допинг.
„Во НБА програмата за тестирање е многу подобар отколку во НФЛ (американски фудбал) или МЛБ (бејзбол), но сепак имаме проблем со дрогите, иако е малку поразлично од она со што се соочувавме пред 30 години. Овој проблем ме мачи повеќе отколку ситуациите во кои „глупави играчи“ запаѓаа во проблеми поради „рекреативни“ дроги. Говорам за супстанци кои ги поместуваат границите до кои може да оди телото (стероиди, хормони за раст). Очигледно е дека некои играчи се дрогираат“, пишува Карл во својата книга.
„Како е можно играчите да стареат, а стануваат послаби и поспремни!? Како се рехабилитираат толку бргу од повредите? Зошто одат во Германија во паузата помеѓу две сезони? Се сомневам дека одат таму поради киселата зелка. Мислам дека причината е таа што таму има супстанци кои тешко се откриваат на допинг тестовите. Ленс Армстронг никогаш не падна на допинг тест. Мислам дека сакаме да ги имаме најдобрите спортисти, а не најдобрите и најбогатите измамници за кои работата најдобрите научници. Сепак, јас немам решение за овој проблем“.
Книгата на тренерот кој со Сиетл играше и во големото финал во НБА лигата (сезона 1995/1996), во продажба треба да се појави наредната година. Претходно, во јавноста беше објавен делот од книгата во кој Карл го критикува Кармело Ентони, во периодот кога тој беше тренер, а Мело играч на Денвер Нагетс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
-

Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
