-->
-->
НБА: Што ќе „трејдуваат“ Бостон и Филаделфија
-->

Бостон ги договорил сите услови за трејд со Филадлефија, пренесува ЕСПН. Според овој извор Бостон на Филаделфија ќе и го отстапи правото на изборот на првиот пик на драфтот, додека екипата од МАсачусец на драфтот на 22.јуни ќе бида од третата позиција и ќе го добие правото на пик во првата рунда на драфтот во 2018 година.
Филаделфија по секоја цена сака од првата позиција да го избере Маркел Фулц, додека главна цел на престојниот драфт на Бостон ќе биде играчот на универзитетот Канзас, Џош Џексон.
Поради тоа Бостон на Филаделфија и понуди трејд, кој другата страна без размислување го прифати.
Според прогнозите желбата на Филаделфија Фулц ќе биде прв, Лонц Бол втор, а Џексон трет пик на драфтот.
Преговорите внимателно ги следеле и Лејкерси кои на 22.јуни ќе го имаат правото на вториот пик. Првично токму Бол била желба на Лејкерси, но медиумите пренесуваат дека Фулц на тренинзите го воодушевил претседателот на Лејкерси, Меџик Џонсон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
