-->
-->
НБА: Шампионот загуби и од Сакраменто
-->
Шестиот пораз на последните осум натпревари кои го запишаа кошаркарите на Кливленд и 60-от трипл дабл во кариерата на Расел Вестбрук, ја обележаа измината ноќ во НБА лигата, во која се одиграа десет натпревари.
Кливленд е далеку од вистинската форма, а тоа го покажува и најновиот пораз во првенствот, шест на последните осум натпревари. Актуелните шампиони загубија на домашен терен од Сакраменто 112:116.
Натпреварот беше решен во дополнителните пет минути, а Сакраменто до триумфот го предводеа Демаркуз Казинс со 28 поени, 11 скокови и 9 асистенции, односно Дарен Колисон со 23 поени.
На Кливелнд не му помогна одличното издание на Леброн Џејмс кој забележа трипл дабл од 24 поени, 13 скокови и 11 асистенции. На ниво беа и останатите двајца од „големата тројка“ на Кливленд (Кајри Ирвинг 20 поени, Кевин Лав 21 поен), но повторно потфрли остатокот од тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска