-->
-->
НБА: Продолжува серијата на Далас
-->
Уште една добра партија на Лука Дончиќ кој го однесе Далас до нова победа во НБА лигата. Маверикс стигнаа до лесна 109:87 победа на гостувањето кај Вашингтон визардс за своја четврта победа во низа, со која се искачија на седмото место на Западот, а повторно лидер на тимот беше словенечкиот ас, Лука Дончиќ.Дончиќ имаше 26 поени, 8 скока и 6 асистенции, иако постигна само една тројка од осум победи. За Маверикс, Бренсон додаде 19, Хардавеј 16 поени, а во тимот се врати и Бобан Марјановиќ со 15 поени и 12 скока.
Во третиот последователен пораз на Вашингтон, Расел Вестбрук повторно беше најефикасен со 26 поени, 14 скока и 5 асистенции, а во тимот недостасуваа повеќе кошаркари поради повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
