-->
-->
НБА: Победи на Атланта и Денвер
-->
Шест натпревари беа на програмата во НБА лигата. Тре Јанг му пресуди на шампионот Милвоки, Кевин Дурент му пресуди на својот поранешен клуб, Никола Јокиќ за три четвртини го растури Портланд, Демар Дерозан го доби дуелот со Пол Џорџ, во дербито ЛА Клиперс-Чикаго.
Чикаго Булс ја потврдија одличната форма во Лос Анџелес. Булс славеа над Клиперс 100:90. Дерозан го предводеше Чикаго со 35 поени, седум скока и пет асистенции, Зек Лавин го следеше со 29 поени. Кај Клиперс се истакна Џорџ со 27 поени, 11 скока и четири асистенции.
Атланта ја прекина серијата од четири порази со триумфот над актуелните шампиони Милвоки Бакс. Атланта славеше со 120:100, благодарение на Јанг. Бекот на Хокс постигна 42 поени, на кои придодаде осум скока и 10 асистенции. Јанг постигна осум тројки, пет од нив во првата четвртина од натпреварот.
Дурент немаше милост кон поранешниот тим. Бруклин славеа во Оклахома 126:90. Кеј-Ди постигна 33 поени. Ова е негов 14 натпревар по ред, на кој постигнува 20+ поени. Покрај Дурент, кај Бруклин се истакна и Пети Милс со 29 поени.
Денвер Нагетс, му го расипаа дебито на Чонси Билапс на клупата на Портланд. Нагетс забележаа убедлива победа 124:95. Никола Јокиќ одигра 28 минути, во последниот период воопшто не влегуваше на теренот. Јокиќ мечот го заврши со 28 поени и по девет скока и асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци