-->
-->
НБА плеј оф: Полуфинале за Торонто и за Сан Антонио
-->

Екипите на Торонто и на Сан Антонио ноќеска постигнаа победи во плеј офот од НБА лигата и со тоа изборија пласман во полуфиналето. Торонто како гостин забележа победа над Милвоки со 92:89. Малку недостасуваше Торонто да ја испушти предноста од 25 разлика (71:46) од средината на третиот период бидејќи Милвоки во финишот имаше минимална предност (80:78 и 82:80). Сепак на крајот Торонто ја постигна четвртата победа во серијата против Милвоки. Најефикасен кај победникот беше Де Мар Де Розан со 32 поена, додека на дуелот најпрецизен беше Јанис Антетокунбо со 34 поени. Во полуфиналето Торонто ќе игра против Кливленд.
Сан Антонио како гостин го победи Мемфис со 103:96 и оствари триумф од 4-2 во серијата од првото коло. Каваи Ленард и Тони Паркер беа најдобрите поединци кај „спарси“ Ленард постигна 29 поени, а Паркер 27. Најефикасен кај Мемфис беше Мајк Конли со 26 поени. Сан Антонио во полуфиналето ќе игра против Хјустон.
Резултат Источна Конференција: Милвоки – Торонто 89:92 (2-4 во победи).
Резултат Западна Конференција: Мемфис – Сан Антонио (2-4).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
