НБА плеј-оф: Лејкерси на чекор до полуфиналето

ЛА Лејкерс го декласира Портланд со 135:115 и е на чекор до пласманот во полуфиналето на плејофот. Една победа од пласман во конференциското полуфинале го дели и Милвоки Бакс, а Оклахома Тандер го израмни на 2-2 резултатот во серијата против Хјустон.
Лејкерси рано ги разрешија дилемите за победникот во четвртиот меч од серијата со Протланд. „Езерџиите“ мечот го отворија со серија 15:0, а по првата четвртина имаа предност 43:25.
Проблем за Портланд е повредата на десното колено што ја доби Демијан Лилард на почетокот на третиот период.
Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 30 поени, 6 скока и 10 асистенции, по 18 поени постигнаа Ентони Дејвис и Кајл Кузма. Најдобар кај Портланд со 20 поени беше Јусуф Нуркиќ.
Оклахома Тандер славеше над Хјустон 117:114. Тандер се врати во игра за пласман во полуфиналето откако беше поразен во првите два натпревара. Хјустон на овој натпревар шутна 58 пати за три поени, што е нов НБА-рекорд.
Џејмс Харден забележа 32 поена, 8 скока, 15 асистенции, Ерик Гордон постигна 23, а Даниел Хаус 21 поен.
Кај победниците се истакнаа Денис Шрудер со 30 и Крис Пол со 26 поени.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
