-->
-->
НБА плеј оф: Кливленд прв полуфиналист
-->

Шампионот Кливленд кој со максимални 4-0 ја елиминира Индијана и стана првиот полуфиналист на плеј офот оваа сезона. Во завршницата на дуелот Леброн Џејмс постигна тројка за водство на неговата екипа од 103:102 што се покажа како решавачки кош за триумфот на теренот на Индијана.
Кошаркарите на Бостон целосно се вратија во серијата со Чикаго во 1.коло од плеј-офот по победата со 101:90 остварена ноќеска во четвртиот нивни меѓусебен дуел. Сега резултатот е 2-2 во серијата прв до четири победи. Ајзеа Томас со 33 поени беше најдобриот играч во победничкиот тим, додека кај Чикаго се истакна Џими Балтер исто така со 33 постигнати поени.
Оклахома Сити загуби на домашен терен од Хјустон, иако оваа екипа кон средината на третиот период имаше и 16 поени предност. Сепак недоволен беше ефектот на Расел Вестбрук, кој веќе на полувремето имаше „трипл-дабл“.
Резултати:
Индијана – Кливленд 102:106 (0-4 во победи);
Оклахома – Хјустон 109:113 (1-3);
Чикаго – Бостон 95:104 (2-2);
Јута – ЛА Клиперс 105:98 (2-2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
