-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт почна со победа, Кари се повреди
-->

Кошаркарите на првакот на НБА лигата Голден Стејт со победа на домашен терен го почнаа плеј офот и одбраната на титулата. Фуриозниот старт на „воините“ им донесе предност уште во првиот период од 33:15, а Стеф Кари постигна 16 поени во тој дел од играта. Расположениот бек дуелот го заврши со 24 поени и 20 минути игра откако кон крајот на вториот период се пожали на болка во скочниот зглоб. Проба да игра и во вториот дел. но мина само три минути на теренот. Неизвесен е неговиот настап на следниот натпревар што се игра во понеделник.
На другите дуели од 1.коло Индијана на гости го победи Торонто со 100:90, додека Атланта славеше минимална победа над Бостон 102:101. Оклахома Сити го победи Далас со 108:70.
Вечерва играат: Кливленд - Детроит, Мајами - Шарлот, Сан Антонио - Мемфис и ЛА Клиперс - Портланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
