НБА: Одлична партија на Јокиќ против Оклахома
Денвер ја доби пресметката со Оклахома, а Торонто во дербито на Истокот го декласира Бостон Селтикс. Победа изминатата ноќ забележаа и кошаркарите на Њујорк Никс.
Дуелот на екипите што се наоѓаат на второто и третото место во Западната конференција, Денвер Нагетс и Оклахома Тандер, им припадна на кошаркарите од Колорадо 121:112. Брилијантен меч одигра српскиот центар Никола Јокиќ, кој беше на скок до трипл-дабл.
Јокиќ, на кого во финишот домашните навивачи му скандираа „МВП, МВП“, натпреварот го заврши со 36 поени, 9 скока и 10 асистенции. Во финишот тој и Џамал Мари ги постигнаа клучните поени за победата на Денвер.
Мари мечот го заврши со 20 поени и по 5 скока и асистенции, Пол Милсап забележа дабл-дабл од 12 поени и 10 скока, а Вил Бартон постигна 23 поени.
Кај Оклахома, Расел Вестбрук беше на чекор до трипл-дабл (22 поени, 14 скока, 9 асистенции), Џереми Грант постигна 21 поен, а најефикасниот Пол Џорџ мечот го заврши со 25 поени, 8 скока и 7 асистенции.
Денвер сега е на 42 победи и 18 порази, а Оклахома на 38 победи и 22 пораза.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори