Кошарка
26. јуни 2021 - 13:25

НБА: Милвоки израмни на Истокот

Кошаркарите на Милвоки триумфираа синоќа на домашен терен над Атланта со убедливи 125:91 во вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција во НБА лигата и израмнија на 1:1 во серијата до четири победи.

Јанис Антетокумпо беше најефикасен во редовите на Милвоки со 25 поени, додавајќи и девет скокови во три четвртини колку што мина на теренот. Џру Холидеј додаде 22 поени, Брук Лопез 16, а Крис Мидлтон 15 кошеви и осум асистенции за Милвоки, кој го реши текот на натпреварот со серија од 20:0 во втората четвртина.

Победникот беше одлучен веќе по првото полувреме, кое Милвоки го доби со 77:45.

Третиот натпревар се игра в недела во Атланта.