НБА: Мичел од Јута најдобар во забивање
Koшаркарот на Јута Донован Мичел приреди пријатно изненадување откако победи на натпреварот во забивање на Ол стар викендот во НБА лигата. Мичел изненади затоа што на натпреварот дојде како замена за повредениот Арон Гордон но тоа не му пречеше да биде најатрактивен, но и најсигурен. Со 48 поени во првото и перфектни пет десетки во второто забивање избори финале, каде што се пласира и Лари Ненс Џуниор од Килвленд. Мичел го повтори истиот пакет поени и во финалето, при што заврши со 50-ка, заслужена со имитација на Винс Картер.
Го облече неговиот дрес и го повтори забивањето со кое тој победи во 2000 година, изнудувајќи пет десетки. Ненс Џуниор го повика својот славен татко на помош, но не беше доволно за да го победи дебитантот од Јута. Покрај нив двајца, во ова натпреварување учествуваа уште и Денис Смит од Далас и Виктор Оладипо од Индијана.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска