НБА лига: Сан Антонио „го растури“ првакот
Кошаркарите на Сан Антонио остварија ноќеска убедлива победа во дуелот со шампионот Кливленд со 103:74. Ова за Кливленд беше натпревар со најмалку постигнати поени сезонава. Каваи Ленард со 2 поени беше најефикасен кај победничата екипа.
Единствената гостинска победа ја оствари Оклахома Сити на теренот на Далас и на крајот имаа серија од 14-0, а 12 од тие поени постигна Расел Вестбрук. Тој натпреварот го заврши со 37 поени, 13 скокови и 10 асистенции, што е негов 37.ми „трипл-дабл“ сезонава или вкупно 100.ти сезонава во лигата. Серијата победи ја продолжи Торонто (вкупно шест), а ДеМар ДеРозан постигна 36 поени.
Резултати:
Торонто – Орландо 131:112,
Њујорк – Детроит 109:95,
Сан Антонио – Кливленд 103:74,
Далас – Оклахома Сити 91:92,
Сакраменто – Мемфис 91:90 и
Јута – Њу Орлеанс 109:100.
Пласман Источна конференција: Бостон 48-26 (победи-порази), Кливленд 47-26, Вашингтон 45-28, Торонто 45-29, Атланта 37-36, Милвоки 37-36, Индијана 37-36, Мајами 35-38, Чикаго 35-39, ...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 59-14, Сан Антонио 57-16, Хјустон 51-22, Јута 45-29, ЛА Клиперс 44-31, Оклахома Сити 42-31, Мемфис 40-34, Портланд 35-38, Денвер 35-38,...
Ново на Сител
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
-
Променливо облачно
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори