-->
-->
НБА лига: Само Шарлот победи дома
-->
На седумте одиграни натпревари ноќеска во НБА лигата единствено Шарлот ја искористи предноста на домашниот терен и оствари победа над Чикаго со 130:105.
Најдобар на теренот беше Џереми Ламб, кој постигна 20 поени, со само едно промашување од игра. Тој само еден претходно потпиша тригодишен договор со екипата во вредност од 21 милион долари. Воедно ова беше прва победа за Шарлот во новата сезона.
Меѓу поразените екипи се најде и Детроит, кој првпат во новата сезона загуби натпревар, додека Торонто остана во групата на екипи без пораз заедно со Голден Стејт и ЛА Клиперс, бидејќи ноќеска ја оствари четвртата победа.
Резултати на одиграните дуели ноќта вторник кон среда:
Шарлот – Чикаго 130:105,
Детроит – Индијана 82:94,
Мајами – Атланта 92:98,
Њу Орлеанс – Орландо 94:103,
Далас – Торонто 91:102,
Сакраменто – Мемфис 89:103,
Лос Анџелес Лејкерс – Денвер 109:120.
Вечерва се играат десет натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода