-->
-->
НБА лига: Оклахома Сити го „растури“ Денвер
-->

Кошаркарите на Оклахома Сити ја забележаа и третата сезона победа откако ноќеска на домашен терен го совладаа Денвер со убедливи 117:93. Седум играчи имаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Кевин Дјурант со 25 поени.
Со овој триумф Оклахома Сити е во групата екипи (Торонто, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, Голден Стејт), кои имаат скор 3-0 (победи – порази), додека без пораз е уште и Минесота која има одиграно два натпревара (2-0).
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Оклахома Сити – Денвер 117:93,
Шарлот – Атланта 92:94,
Бостон – Сан Антонио 87:95,
Мајами – Хјустон 109:89,
Торонто – Милвоки 106:87,
Чикаго – Орландо 92:87 и
ЛА Лејкерс – Далас 93:103.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
