НБА лига: Новогодишно шоу на Џејмс Харден
Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден во новогодишната ноќ оствари рекорден „трипл-дабл“ со 53 поени, 16 скокови и 17 асистенции и стана првиот играч со реализирани повеќе од 50 поени, над 15 скока и повеќе од 15 асистенции на еден натпревар од НБА лигата.
Одлична партија прикажа и Расел Весбрук кој во триумфот над Оклахома над Клиперс учествуваше со 16. трипл-дабл за него оваа сезона (17 поени, 12 скока и 14 асистенции).
Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата:
Сакраменто – Мемфис 98:112,
Шарлот – Кливленд 109:121,
Чикаго – Милвоки 96:116,
Хјустон – Њујорк 129:122,
Оклахома – ЛА Клиперс 114:88,
Јута – Феникс 91:86.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 29-5 (победи-порази), Сан Антонио 27-6, Хјустон 26-9, Јута 21-13, Оклахома Сити 21-13, Мемфис 22-14, ЛА Клиперс 22-14, Сакраменто 14-19,...
Пласман Источна конференција: Кливленд 25-7 (победи-порази), Торонто 22-10, Бостон 20-14, Шарлот 19-15, Атланта 17-16, Милвоки 16-16, Вашингтон 16-16, Њујорк 16-17, Чикаго 16-18,...
Ново на Сител
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода