-->
-->
НБА лига: Кливленд стигна до нова победа
-->
Кошаркарите на Кливленд ноќеска остварија победа на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 125:120, а триото на шампионот Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс и Кевин Лав постигнаа повеќе од 100 поени. Ирвинг беше најдобар стрелец на дуелот со 46 поени, Џејмс постигна 34, а Лав 21. Во редовите на ЛА Лејкерс Д‘Анџело Расел „уфрли“ 40 поени.
Најефикасен на дуелите одиграни ноќеска беше Дамјан Лилард од Портланд кој постигна 49 поени (9 тројки) и ја предводеше својата екипа до победа на гости кај Мајами.
Резултати на ноќешните дуели: Бруклин – Далас 104:111, Филаделфија – Бостон 105:99, Детроит – Феникс 112:95, Њу Орлеанс – Минесота 123:109, Торонто – Индијана 116:91, Мајами – Портланд 104:115, Сан Антонио – Сакраменто 118:102 и ЛА Лејкерс – Кливленд 120:125.
Пласман Источна конференција: Кливленд 46-23 (победи-порази), Бостон 44-26, Вашингтон 42-27, Торнто 41-29, Атланта 37-32, Индијана 35-34, Милвоки 34-35, Детроит 34-36, Мајами 34-36,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-14, Сан Антонио 53-16, Хјустон 48-22, Јута 43-27, ЛА Клиперс 41-29, Оклахома Сити 40-29, Мемфис 40-30, Денвер 33-36,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението