-->
-->
НБА лига: Голден Стејт „запрен“ и од Минесота
-->

Актуелниот шампион на НБА лигата Голден Стејт ноќеска претрпе нов пораз и сега доколку сака да го собори рекордот на Чикаго од 72 победи, оваа екипа мора на последните четири натпревари од регуларниот дел да постигне победи. Голден Стејт загуби дома од Минесота по продолжение, а притоа испушти и двоцифрена предност. Најефикасни кај Минесота беа Шабаз Мухамад со 35 поени (рекордни за него во кариерата) и Ендрју Вигинс со 32. Кај Голден Стејт Клеј Томсон постигна 28, а Стеф Кари 21.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Филаделфија – Њу Орлеанс 107:93, Торонто – Шарлот 96:90, Мајами – Детроит 107:89, Атланта – Феникс 103:90, Мемфис – Чикаго 108:92, Милвоки – Кливленд 80:109, Денвер – Оклахома Сити 102:124, Јута – Сан Антонио 86:88, Сакраменто – Портланд 107:115, Голден Стејт – Минесота 117:124, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 103:81.
Пласман Источна конференција:
Кливленд 56-22 (победи-порази),
Торонто 52-25,
Атланта 46-32,
Бостон 45-32,
Мајами 45-32,
Шарлот 44-33,
Индијана 41-36,
Детроит 41-37,
-----------------------------------------
Чикаго 39-39,
Вашингтон 37-40,...
Пласман Западна конференција:
Голден Стејт 69-9,
Сан Антонио 65-12,
Оклахома Сити 54-24,
ЛА Клиперс 49-28,
Мемфис 42-36,
Портланд 42-37,
Далас 39-38,
Јута 39-39,
---------------------------------------
---------------------------------------
Хјустон 38-39,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
