Кошарка
25. March 2016 - 9:12

НБА лига: 50.та победа за Оклахома Сити

На петте натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска победија домашните екипи, а најубедлив беше триумфот на Оклахома Сити над Јута со 22 разлика. Воедно ова беше 50.та победа за Оклахома Сити, а повеќе од 50 победи имаа досега постигнато само Голден Стејт (64), Сан Антонио (60) и Кливленд (51). Кевин Дјурант со 20 поени беше најефикасен, а дури шест играчи кај победникот имаа двоцифрен број поени.
 
Резултати на ноќешните дуели:
Индијана – Њу Орлеанс 92:84,
Бруклин – Кливленд 104:95,
Њујорк – Чикаго 106:94,
Оклахома Сити – Јута 113:91 и
ЛА Клиперс – Портланд 96:94.