-->
-->
НБА: Историски трипл-дабл на Грин
-->
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, влезе во историјата на НБА лигата откако забележа трипл дабл без да постигне двоцифрен број на поени.
Крилниот играч на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, во победата на својот тим во Мемфис 122:107 постигна само четири поени, но имаше 12 скокови и по 10 асистенции и украдени топки и пет блокади.
Голден Стејт има скор 18-0 кога Грин бележи трипл дабл, што е најдобра статистичка низа во историјата на НБА лигата. Тој е првиот од 1973 година, кога во статистиката се бројат украдените топки и блокадите, кој на еден натпревар имал најмалку 10 украдени топки и пет блокади.
Грин на овој меч му ја „украде“ славата на соиграчот Клеј Томпсон кој беше најефикасен со 36 поени (8 тројки), додека Кевин Дурент уфрли 24 ,а Андре Игудала 22 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел