-->
-->
НБА: Г. Стејт и натаму непоразен
-->
Кошаркарите на Голден Стејт ја продолжија победничката низа во НБА, откако против ЛА Клиперс ја забележаа 13-та победа од почетокот на сезоната. Голденс Стејт, во Лос Анџелес, надополни негатива од 23 поени и на крајот славеше кај Клиперси со 124:117.
Мечот во „Стејплс центарот“, Клиперси го отворија со 41 поен во првата четвртина, од кои 18 постигна Крис Пол. Сепак актуелните шампиони со серијата од 8:25 се вратија во натпреварот.
Во финишот, најпрвин Томпсон погоди тројка за предност на Голден Стејт (112:113), потоа возврати Крофорд, која ја поништи Кари (115:116). Во самата завршница Кари погоди четири слободни фрлања за нова победа на единствениот тим кој сеуште нема пораз во шампионатот.
Кошаркарите на Голден Стејт, во последните пет минути имаа 10 поени негатива но погодија осум тројки од девет обиди.
Стеф Кари одново го предводеше својот тим со 40 поени (11/22 од поле), 11 скокови и четири асистенции, но и седум загубени топки. На учинокот на Кари се надоврзаа Клеј Томпсон со 25 и Херисон Барнс со 21 поен.
Крис Пол кај Клиперси постигна 35, а Блејк Грифин 27 поени.
Двејн Вејд (24 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Крис Бош (23 поени, 11 скокови) го предводеа Мајами до победата над Сакраменто со 116:109. Најдобри кај Сакраменто, во чии редови го немаше суспендираниот Демаркус Казинс, беа Марко Белинели со 23 поени, односно Режон Рондо со 14 поени и 18 асистенции.
Кливленд лесно слеваше во дуелот со Милвоки (115:100). Леброн Џејмс (27 поени, 9 скока, 6 асистенции) и Кевин Лав (22 поени, 15 скокови) беа најефикасни во деветтата победа на Кливленд. Милвоки го предводеше Јанис Антетукомпо со 33 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак