Кошарка
6. November 2016 - 10:46

НБА: Џејмс во ТОП 10-те стрелци во историјата

Кошаркарите на Кливленд ја совладаа Филаделфија со 102-101 а фасцинантна вечер имаше Леброн Џејмс кој постигна 25 поени со вклучени 14 скока со што влезе меѓу 10-те најдобри поентери во НБА лигата.Со 26.970 поени, Леброн Џејмс го прескокна легендарниот Хаим Олајџувон и влезе меѓу десетте најдобри стрелци во историјата на НБА-лигата. Пред него на деветата позиција се наоѓа Елвин Хајс со 343 поени повеќе. Првото место на оваа листа го држи Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, зад него е Карл Мелон со 36.928 поени, додека на третото место е Коби Брајант со 36.643.

 

https://