НБА: Дончиќ повреден, Далас поразен
Далас Маверикс го загубија третиот меч во серијата со Лос Анџелес Клиперс (122:130) и останаа без својот лидер Лука Дончиќ. Словенец го повреди глуждот на левата нога и неговиот настап во наредниот меч, во недела, е под знак прашалник.
Дончиќ до повредата имаше учинок од 13 поени и 10 скока и асистенции со што стана третиот најмлад кошаркар со трипл-дабл во плејофот по Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.
Најефикасен играч на Далас беше Кристапс Прозингис со 34 поени и 13 скокови. Клиперси ги предводеше Каваи Ленард со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции.
Бостон Селтикс се наоѓаат на една победа од пласман во втората рунда. Селтикс водат 3:0 во серијата со Филаделфија, откако третиот меч го добија со 102:94. Кемба Вокер со 24 и Џејлен Браун со 21 кош беа најефикасни кај Селтикс. Во редовите на Филалделфија се истакна Џоел Ембид со 30 поени и 13 скока. Играчите на Филалдлефија на овој меч имаа реализација од поле од само 30 отсто.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
