Кошарка
21. December 2019 - 11:09

НБА: Денвер подобар од Минесота

Неколку интересни средби се одиграа во НБА лигата ноќеска. Петта победа во серија пред својата публика остварија кошаркарите на Денвер предводени од Никола Јокиќ ккој оствари трипл дабл со 22 поени, 10 скока и исто толку асистенции.  Жртва беше Минесота која загуби со 109-100.

На оваа средба Јокиќ го оствари 33-тиот трипл-дабл во кариерата.

Победи без својот најдобар играч Лука Дончиќ продолжува да реди екипата на Далас. Маверикс убедливо ја совладаа Филаделфија со 117-98 предводени од Летонецот Прозингинг со 22 поени и 18 скока и Тим Хардавеј кој беше најефикасен со 27 поени.