НБ за извештајот на„Фич“: Затегнувањето на монетарната политика придонесе кон враќање на едноцифрената инфлација

Затегнувањето на монетарната политика придонесе кон враќање на инфлацијата на едноцифрено ниво, наведува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот извештај за кредитниот рејтинг на земјава, во кој го потврдува нејзиниот рејтинг на „ББ+“ со стабилен изглед, соопштуваат од Народната банка на Република Северна Македонија.
Очекувањата на Агенцијата се дека инфлацијата и натаму ќе се намалува, се додава во соопштението од Народната банка, при тоа посочуваат и дека во изминатите осум месеци девизните резерви се зголемени, додека дефицитот на тековната сметка е стеснет, како и дека банкарскиот сектор и натаму е здрав и соодветно капитализиран.
-Агенцијата за кредитен рејтинг посочува дека, од октомври минатата година, поради затегнатата монетарна политика, како и поради споредбената основа, инфлацијата се намали од 19,8% на 8,3% во август. Сепак, инфлацијата кај храната и натаму е висока, поради што во септември се замрзнати цените на дел од производите. Од „Фич“ очекуваат дека инфлацијата и натаму ќе забавува, како резултат на споредбената основа, затегнатата монетарна политика и замрзнувањето на цените на храната, иако, како што наведуваат, растот на платите може да има негативен ефект врз инфлацијата. Очекувањата се дека стапките на инфлација во текот на следната година ќе се вратат на ниски едноцифрени нивоа, потенцираат од НБ.
Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и профитабилен, а адекватноста на капиталот бележи раст, достигнувајќи 18,2%, додека економското окружување немаше ефекти врз нефункционалните кредити коишто останаа на ниско ниво. Цените на недвижностите забавуваат по период на брз раст, што е резултат на затегнувањето на финансиските услови, но и капиталните барања кон банките и макропрудентните мерки за адекватност на кредитобарателите, стои во соопштението од кабинетот на Гувернерката на Народната банка.
Ново на Сител
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
