Навреме и со заштитни мерки почна гласањето во Прилеп
Точно навреме во 7 часот се отворени избирачките места во Прилеп каде денеска своето право на глас може да го остварат 64 004 граѓани. Гласањето почна непречено и без проблеми со спроведување и почитување на мерките за заштита, информираат од општинската изборна комисија.
Од 142 ќе се гласа на 130 избирачки места, 12 се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи. 13 избирачки места се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.
Веднаш по отворањето на избирачките места, граѓаните пристигнаа за да го остварат своето право на глас. Така беше изутрината и на петте избирачки места во прилепското основно училиште „Кире Главрилоски“. Според Нада Коцеска, заменик претседател на избирачкото место 1417 едно од најголемите, каде се запишани 911 избирачи, има одзив при самото отворање.
– Точно навреме е отворено ова избирачко место. Гласачите доаѓаат и за половина час веќе гласаа 25 граѓани. Се одржува дистанца, има дезинфекција, сите носат маски и се запазуваат сите протоколи за заштита, рече Коцеска.
Во 7 часот почна гласањето во општина Кривогаштани каде се запишани 4802-јца гласачи на 13 избирачки места, во општина Долнени своето право на глас може да го остварат 11 686 избирачи на 40 гласачки места. Во Крушево се запишани 7 920 гласачи кои денеска до 21 часот може да гласаат на 22 избирачки места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
