Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим.
Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката на МИА од Атина,
По ова беше побарано од официјалните лица да се смират страстите, но следеше и чаша со вода фрлена кон теренот и гневни домашни навивачи, веројатно поради резултатот, да упатуваат пцости кон играчите на Алкалоид.
Тренерот на македонскиот тим Кирил Лазаров, заедно со играчите на АЕК, се упати кон трибината и ги смируваше домашните навивачи. Во салата, иако се играше европско финале, немаше присуство на полиција, и дури потоа за да не ескалира инцидентот на трибините дојдоа пет до шест полицајци.
Во продолжението на натпреварот по инцидентот домашните навивачи фрустрирани од резултатската негатива на нивниот тим не запреа со свирежите секој пат кога Алкалоид беше во напад.
Реваншот во Скопје е закажан за 25 мај во салата „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?