Навални за Путин: Царот е гол
Зборувајќи денеска за рускиот претседател Владимир Путин, лидерот на руската опозиција Алексеј Навални ја искористи фразата „Царот е гол“ позната од приказната на Ханс Кристијан Андерсен. Ова се случи на судско рочиште по жалбата на Навални против паричната казна што му ја изрече судот за клевета на ветеран од Втората светска војна, јави ДПА.
– Голиот цар сака да владее до крај. Тој се залепил за владеењето, рече Навални, кој присуствува на судењето од казнената колонија преку видео конференција. Опозиционерот предупреди дека доколку Путин продолжи да владее, тоа ќе биде уште една украдена декада за Русите, што ќе се додаде на веќе изгубената декада.
– Сакам да му кажам на чесниот суд дека вашиот крал е гол. И не е само едно мало момче кое вика: Тој е гол, рече Навални, правејќи паралела со бајката „Царевото ново руво”.
– Дваесет години неспособно владеење доведоа до овој резултат… Постојат тони лаги на телевизија. И, се разбира, има огромно лично богатство, рече Навални.
На судското рочиште тој изгледаше многу слаб од штрајкот со глад, кој неодамна го најави и кој неодамна го заврши. Еден од неговите адвокати денеска кажа дека од 94 килограми ослабел на 72 килограми.
Самиот Навални во аудио запис емитуван од независната телевизија Дожд рече: Ме одведоа вчера во тоалетот. Имаше огледало и се погледнав. Изгледам како ужасен скелет.
Ново на Сител
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура